Ристовски: Министерството за правда не може да бара ревизија на азилот на Груевски

Од:

Република Северна Македонија не може да бара ревизија на азилот на поранешниот премиер Никола Груевски и Министерството за правда е немоќно да стори нешто повеќе, доколку унгарските власти одлучат да не извршат екстрадиција, нагласи заменик министерот за правда Оливер Ристовски одговарајќи на новинарско прашање околу одбиената екстрадиција за поранешниот премиер Никола Груевски.

– Тој е на постапка, тој има право на азил на три години, ако не се лажам, и тоа само се проверува во земјата во која го добила азилот. Нема врска со Република Северна Македонија. Во писмена форма се уште Министерството за правда нема добиено од Унгарија. Образложението беше, ако добро разбрав, тие имаат азил во Унгарија, азилот му е доделен поради условите во Македонија. И затоа не можат да го испорачаат во земја од која е побегнат и добива азил, рече Ристовски.

Заменик министерот за правда рече дека право на ревизија имаат само унгарските власти.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on