Ристовски: Македонски граѓанин ни добил ни ќе добие азил

Од:

„Граѓаните на Република Македонија да не се залажуваат дека во ЕУ некој ќе ги чека со широко отворени раце. Едноставно, добивање азил воопшто не се дозволува зашто Македонија нема статус на земја од која може и треба да се бара азил, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

„Јасно и недвосмилено потврдувам дека македонските граѓани кои ќе ја напуштат земјава во обид да бараат азил ќе бидат вратени во со првиот автобус или авион, порача рече Ристовски.

Ниту еден македонски граѓанин, рече министерот, не добил азил во земјите од Унија и нема да добие.

Владате, рече, ќе продолжи со рестриктивните политики во однос на заминувањето на Македонците кои бараат азил, како и со промотивните економски политки кои главно се однесуваат на областите со ромско население за максимално да се демотивира неговото прелажување.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он