Ристовски: Локалните програми се сигурна реализација на ветеното со конкретни рокови

Од:

ВМРО-ДПМНЕ шест години работи одговорно, чесно и отчетно. Тоа е принцип на работа кој е препознатлив за нас. Ние пред граѓаните нудиме проекти, мерки и решенија, кои потоа се конкретизираат во дела, истакна на денешната прес – конференција Спиро Ристовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Тој посочи дека ВМРО–ДПМНЕ секогаш настапува со конкретна програма во која се содржани остварливи проекти, а овој пат, подвлече, тоа се 10.112 внимателно изработени проекти со временски проектирана динамика и рокови, предвидени во програмите на 70 кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

– Ние како партија стоиме зад секоја програма и зад секој кандидат затоа што веруваме  во капацитетот, ветувањата да станат реалност, рече Ристовски, додавајќи оти ВМРО-ДПМНЕ покажа дека фокусот на посветеноста е водењето грижлива социјална политика. Потсети дека за 6 години се покачени пензиите за 42,3 отсто, социјалната помош за повеќе од 30, реализирани се проекти за самовработување со кои се опфатени над 5.000 лица. Генерално со оперативните планови за активни програми и мерки за вработување, констатира, се опфатени повеќе од 50.000 евидентирани невработени лица,  дел со обезбедување на директен работен ангажман, дел со обуки и практична настава за подобрување на нивните работни вештини и способности со цел нивно полесно вклучување на пазарот на трудот.

Во Програмите за овие локални избори, потенцира, се дава акцент на грижата за децата. Се предвидува реконструкција на постоечките и изградба на нови  детски градинки, од кои 14 градинки ќе бидат изградени во 13 општини во рурални средини. За потребите на старите лица на локално ниво, информира Ристовски, предвидено е отворање домови за стари лица, како и поддршка на постоечките 4 клубови за стари лица и отворање нови 6 клубови за стари лица во Илинден, Гази Баба, Вевчани, Карпош, Велес и Неготино.

Во програмите се планирани проекти во насока на ширење на мрежата на вонинституционални облици со социјално заштитна функција за лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа,  децата во ризик,  како и обезбедување на социјална превенција од можни ризици заради подигнување на квалитетот на живот на индивидуите, семејствата и општеството во целина.

– Предвидена е поддршка на веќе постоечките 23 Дневни центри за деца со посебни потреби како и изградба на нови со цел задоволување на основните потреби на овие деца и нивните родители. Во план е отворање вакви центри во Скопје, Струмица, Кратово и Липково, како и отворање на дневни центри за деца со аутизам, рече тој и додаде оти акцент е ставен и на изградбата на пристапни рампи – право на секое инвалидно лице за елиминирање на социјалните бариери.

Програмите на кандидатите предвидуваат и проширување на мрежата на „Патролна социјална работа“ која Владата на ВМРО – ДПМНЕ ја воведе како нова форма на работа.

Дополнително во соработка со локалните самоуправи, информира Ристовски, се планира зголемување на бројот  на постоечките 43 народни кујни преку отворање на народна кујна во Карбинци, Центар Жупа, Чешиново, Ранковци, Облешево, Зрновци и Другово. Предвидено е и отворање дисперзирани одделенија на Центрите  за социјална работа со цел услугите и правата им се доближат до граѓаните на кои им е најпотребна помош и тоа во општините Илинден, Новаци, Долнени, Кривогаштани, Босилево, Богданци, Дојран, Чашка и Злетово.
Почитувани,

– Ве уверувам дека локалните програми не се само хартија, туку сигурна реализација на ветеното со конкретни рокови. ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука. Докажаните кандидати за градоначалници ќе бидат продолжена рака на централната власт и во функција на сите  граѓани без исклучок затоа што политиката на ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди безусловни и еднакви шанси за сите, рече на прес – конференцијата Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он