Ристовски: Eдна од клучните надлежности на претседателот е да потикнува директни странски инвестиции

Од:

Eдна од клучните надлежности на претседателот на државата на меѓународен план во меѓународните односи е да потикнува директни странски инвестиции во Република Македонија, но и да отвораме простор за носење на приватни инвестициски фондови во Република Македонија кој ќе бидат сериозен извор на капитал за микро и мали претпријатија, но и за крупниот бизнис во Македонија рече Љупчи Ристевски при посетата на Прилеп со претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Во таа смисла ние ја покренавме таа претседателска инвестициска иницијатива како коалиција „Храбро за Македонија“ и лично како кандидат за претседател господинот Стевчо Јакимовски со цел да направиме простор многу приватни инвестициски фондови да влезат и во делот на тутунопроизводството. Прилеп е земјоделски крај, регионов е сериозен производител на тутун, станува збор за извонредно квалитетен производ кој што во дадениот момент не може да ја постигне цената на пазарот поради силната регулација. Оттука ќе се врши сериозен притисок од страна на Владата за масовна дерегулација особено на слободниот пазар за пласман на тутунот за тутунот да ја добие вистинската пазарна цена. Со овие приватни инвестициски фондови ќе се отвори простор за приватни агро берзи на тутун каде што конкуренцијата ќе си ја покачи цената на тутунот. Тоа ќе биде решение за бројни семејства во овој регион за пласман на тутунот по цена која што ја заслужува. Трудот, потта и маката на земјоделецот треба да биде валоризирана на пазарот, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Во Ларце до 13 часот гласале 32,73 отсто од граѓаните, во Струга гласале 30 отсто од гласачите

Орце Костов

Прегласувањето на седумте избирачки места почна навреме

Орце Костов

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ