Ристовски: Дајте ни поддшка, да спречиме да го расчеречат Уставот, да спречиме да исчезне државотворноста на македонскиот народ

Од:

Претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во изборната единица 2 на Коалицијата „Храбро за Македонија“ од Ѓорче Петров повика на масовна излезност и поддршка за бројот 3 и на претседателските избори во среда и на парламентарните избори на 8 мај.

„Македонија нашата единствена татковина е во сериозна опасност, ако вие во среда не излезете на гласачкото место и ако не заокружите „3“ ќе ја оставиме нашата татковина во немилост на сите екстремизми од дома и од соседството. Ќе го расчеречат Уставот, ќе исчезнува државотворноста на македонскиот народ, ќе станете сите безимени, ќе станеме едни од сите., рече Ристовски.

Тој кажа дека оваа наша татковина не ни е е дадена туку-така, за неа гинеле безброј генерации Македонци од Илинденскиот период, од антифашистичкиот период за да ни ја дадат оваа слобода што ја имаме денес. Според него, мора да се сочува Македонија, зошто нема друг излез.

„Сфатете го ова најсериозно, имате коалиција која што е храбра која што знае и на Вашингтон и на Брисел да има каже „не“. Само ние не се плашиме да ја кажеме вистината во очи. Имам бројни пријатели сенатори и конгресмени во Америка, очекуваат лидерство со достоинство, со исправена глава, не со свиена кичма“, рече Ристовски.

Тој кажа: Мора „да оставиме трага во историски контекст дека оваа генерација Македонци се кренале да си ја сочуваат татковината бескомпромисно, на 8 мај да ја потврдиме таа позиција, да не направите фактор во власта да не може да си поигруваат со Устав и со овој напатен народ, бидете со нас а потоа сите ние со сета сила, душа и разум ќе бидеме за вас и со вас“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Нема уставни измени под ниеден услов, треба да се забетонира македонскиот национален интерес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ

Горан Наумовски

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он