Поранешниот амбасадор Ристо Никовски со своја изјава за весникот Нова Македонија во делот каде јавните личности даваат поддршка за слобода на новинарот Томислав Кежаровски кој е во притвор, сепак, тој со својата изјава го оправдува притворот.
– Во принцип мерката притвор мора да се применува селективно и само во случаи кога постојат објективни услови да се влијае врз постапката или да се напушти земјата. Во нашиот случај кога условите во затворот се исклучително тешки, дури и нечовечни, тие правила уште повеќе мораат да важат. Во конкретниот случај, ако навистина е откриен идентитет на заштитен сведок, тоа е сериозен прекршок за кој мора да се одговара. Во целина силен е впечатокот дека новинарите на некој начин бараат специјално место во општеството. Тие навистина се не само седма туку често и прва сила, го креираат јавното мислење, сериозно влијаат на резултатите од изборите и на тој начин одлучуваат за судбината на државата. Меѓутоа, не треба да се заборави дека пишаниот збор убива пострашно дури и од куршумот. Затоа и нивната одговорност мора да биде нагласена – вели Никовски.