Ристески: СДС и ДУИ го повторуваат М-НАВ во ФЗОМ, ги шиканираат постоечките вработени за да примат нови партиски кадри

Од:

Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ. Недозволиво и поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ е да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

– Несомнено се наметнува фактот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори. Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и полни со партиски кадри. СДС и ДУИ на институциите гледаат само како на место за вдомување на партиските активисти, и заради тоа Македонија добива катастрофални извештаи од ЕК. ВМРО-ДПМНЕ бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ, рече Ристески на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела