Ристески: Прилеп ќе се гасифицира за една и пол година

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески на денешната прес-конференција вети дека за една година и половина Прилеп ќе биде опфатен со гасифиикацијата.

– Прилеп за една година и половина ќе биде опфатен со гасификација и компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс. Изградена е делницата на гасоводот Штип-Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино-Битола, преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри и во вредност од 37 милиони евра. Досега гасоводната цевка е поставена до селото Беловодица. Проектот започна со претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и треба да заврши до крајот на 2018 година. Истражувањето на пазарот беше направено преку Економскиот совет на Прилеп, Стопанската комора и преку Регионалната занаетчиска комора кои го видоа интересот од гасификацијата и своите потреби од нов енергенс, рече Ристески.

Според него, ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно, за развојот на економијата.

– Преку обезбедувањето поевтини енергенси и преку заштитата на животната средина, ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и подобар квалитет на живеењето, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците