Ристески: Планираме набавка на нови автобуси, воведување на нови линии во градскиот превоз

Од:

Еден од покапиталните проекти за Прилеп кој ги реализираше оваа локална самоуправа е проектот за јавен градски превоз кој започна во 2014 година со повеќе линии низ градот. По теркот сите урбани центри Прилеп за прв пат доби јавен градски превоз и заедно со Скопје се единствени градови во Македонија кои имаат јавен градски превоз, истакна денес актулниот и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.

Превозот на патници се врши со пет нископодни автобуси, наплатата се врши во самите автобуси со монети и со електронски картички. Цената на едно возење со монети е 20 денари, додека со електронските картички цената е во зависност од бројот на возења во просек 15 денари за едно возење. Јавниот градски превоз се покажа како голем бенефит за сите жители на Општина Прилеп. За овие четири години во просек, јавниот градски превоз го имаат искористено повеќе стотици илјадни сограѓани, вели Ристески.

Тој посочи дека во поголем дел јавниот превоз е субвенциониран од локалната самоуправа, а така ќе продолжи и во иднина.

Покрај јавниот градски превоз се врши и превоз на ученици бесплатно превезува студенти, а и лицата со посебни потреби. Гордоста за формирање на јавниот превоз е уште поголема бидејќи тоа е идеја на пензионерите која ние ја реализиравме заедно со нив. поради овие резултати наша обврска е да го продолжиме и модернизираме јавниот превоз во градот. Во наредниот период планираме набавка на 10 нови нископодни автобуси со што ќе се овозможи поефикасен и поудобен превоз. Со набавката на новите автобуси ќе се зголеми бројот на линиите во градот. Во иднина се планира со јавен градски превоз да бидат поврзани и населбите Тризла, каде живее претежно ромско население, населбата која се наоѓа наспроти Жито Прилеп, како и линија која ќе сообраќа кон типската населба, потенцира Ристески.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје