(ВИДЕО) Ристески: Еднократен отпис на долгови за граѓаните од социјално загрозени семејства во Прилеп

Од:

Еднократен отпис на долгови од комуналната сфера и на долгови за вода и ѓубретарина за граѓаните од социјално загрозени семејства, ќе предложи на Советот на Прилеп, Марјан Ристески, градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција.

Во Прилеп се чествува големиот празник 11-ти Октомври, а Ристески беше меѓу своите сограѓани. Најави голем и значаен проект, мерка која се однесува на најранливата категорија, социјално загрозени семејства.

-По конституирање на новиот Совет на општина Прилеп, ќе му предложам да биде усвоена следната мерка: Еднократен отпис на долгови од комуналната сфера. Еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина за граѓаните од социјално загрозени семејства во општина Прилеп. Ќе биде формирана комисија составена од советници во Советот на општина Прилеп, директорите и претставници на комуналните претпријатија, која по точно определените критериуми ќе утврдат кои се граѓаните кои ќе ги опфати оваа мерка. Истовремено, сакам да најавам дека и во наредните 4 години општина Прилеп и јас како градоначалник ќе ја продолжиме практиката да склучуваме договори за вршење на јавни работи со лица од социјално ранливите категории, истакна Ристески.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп се осврна и на непознавањето на СДСМ за македонската историја.

-Од страна на СДС вчера слушнавме дека Антифашистичкото востание започнало во Прилеп на 11 –ти Октомври 1944, а завршило на 3-ти Ноември 1944. Според СДС, НОБ траела 23 дена. Додека тие мислат дека НОБ траела 23 дена, ние во програмата за овие избори понудивме 23 капитални проекти! Затоа, ве повикувам на 15-ти Октомври да го заокружиме бројот 13! Број 13 за работа, за Прилеп, за Македонија, порача Ристески.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ