Рикер: Скопје заслужи да започне преговори со ЕУ, билатералните несогласувања не треба да го запрат процесот

Од:

Филип Рикер, американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, смета дека Европската Унија не смее да дозволи билатерални несогласувања кои ќе го запрат процесот на интеграција на Македонија и Албанија. Коментирајќи ја бугарската блокада, Рикер посочи дека Албанија и Македонија направија важни и тешки чекори на патот кон ЕУ.

„Веруваме дека не Европската Унија не смее да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Ние веруваме дека овие прашања треба да се решат надвор од процесот на пристапните преговори, бидејќи Скопје ја има повеќе од заслужено таа шанса“, рече Рикер.

Тој смета дека идејата за интеграција на земјите во евроатланската заедница и натаму постои и не е променета, а за тоа, според него, говорат Договорот од Преспа, договорот за изборни реформи во Албанија, изборите во Мостар, како и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд