Рикер се сретна со Димитров

Од:

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, изутринава со средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР, ја почна серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата.

Рикер кој во МНР беше придружуван од американската амбасадорка Кејт Мари Бернс, по средбата со Димитров треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, со кого ќе одржат заедничка прес-конференција.

Согласно агендата, високиот американски дипломат потоа заминува за Тетово, каде во седиштето на ДУИ ќе има средба со лидерот на партијата Али Ахмети.

Предвидено е во текот на денов Рикер да има средби и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со други владини претставници. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, за време на посетата на Собранието, покарј со Џафери, ќе има средби и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Според најавата од Стејт департментот и соопштението од нашето МНР, централни теми ќе бидат билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Рикер вчера ги посетија општините Битола и Кавадарци каде остварија средби со градоначалниците Наташа Петровска и Митко Јанчев.

Пред посетата на Скопје, Рикер престојуваше во Атина каде имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Филип Рикер кој е поранешниот амбасадор на САД во земјава, последен пат го посети Скопје во март, годинава во својство на цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД, должност што ја извршуваше пред назначувањето за американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Рикер неодамна во изјава за МИА во Вашингтон оцени дека Северна Македонија во изминатиот период сработи одлично, и не треба да се дозволи земјата да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат и оти процесот треба да се истурка до крај со цел земјата да стане 30. членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во ЕУ, истакна Рикер.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов