• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Рикер: Некои лидери на Балканот за лични програми ги дефокусираат своите земји од важни прашања

by А1он16/01/2013 - 13:37236
Share0

Американскиот помошник на заменикот на државниот секретар Филип Рикер денеска од Брисел со изјава која може да се толкува како нова порака за претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски и неговото улично делување во Македонија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на брифингот во американската амбасада во европската престолнина во рамки на полугодишниот состанок САД-ЕУ за Западен Балкан, Рикер потенцира дека Вашингтон е разочаран од делувањето на „некои лидери“ во нашиот регион.

Добивај вести на вибер

– САД се малку разочарани од некои политички лидери кои со своето однесување го пренасочуваат фокусот на вниманието во своите земји од важни работи, а за свои лични програми. Во таа смисла може да се смета 2012 година и како година на разочарување за некои работи, порачува првиот човек на Стејт департментот за Западен Балкан.

Рикер, кој е поранешен амбасадор на САД во Скопје, денеска има состаноци со Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Европската комисија и НАТО, но ја пофали ангажираноста на Европската унија во однос на Република Македонија.

– Македонија има посебен предизвик во односите со Грција која направи застој на процесот на приближување на оваа земја до ЕУ и НАТО. Но, Европската комисија се прилагоди на овој случај и најде начин со Македонија да го покрене Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што ќе овозможи додека се бара решение за прашањето за името, да продолжи приближувањето на Македонија во Унијата, а тоа важи и за членството во НАТО, потенцираше Рикер.

Помошникот на заменикот на државниот секретар на САД ја пренесе и загриженоста на Вашингтон за националистичката реторика на политичарите во Албанија, потенцирајќи дека популизмот и националистичките пораки не помагаат за создавање работни места и развој на економијата. Тој им порача на Косово и Србија да продолжат со дијалогот и да ги следат пораките од ЕУ, потенцирајќи дека е најважно наоѓање решение за северниот дел на оваа земја и укинување на паралелните структури во овој дел од територијата на нашиот северен сосед.

– По многу години заедничка работа со ЕУ на изградба на мир, развој на демократија итн., сега фокусот на Западен Балкан е на негова евроатлантска интеграција, порача на крајот Рикер.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:04

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Горан Наумовски11/01/2026 - 22:03

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:20

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:25

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски24/12/2025 - 06:5624/12/2025 - 06:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен