А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Рикер ги поздрави препораките на ЕK

by А1он20/10/2012 - 10:2124/11/2016 - 20:04167
Share0

Американскиот помошник државен секретар Филип Рикер го поздрави напредокот на Македонија во дијалогот со Европската Унија и препораката за отворање на преговорите.

Добивај вести на вибер

Тој ги повика Македонија и Грција да бидат активни во надминување на спорот, велејќи дека со тоа веднаш ќе се отвори поканата за членство во НАТО.

– Ние ги поддржуваме македонските евроатлански аспирации. Никој не сторил повеќе да ја подготви Македонија и да ја насочи на овој пат. Како што и НАТО оцени, Македонија е подготвена да и се упати покана за членство. Силно ја поддржуваме во овие напори и продолжуваме да ги повикуваме и Македонија и Грција  да најдат начин да одат напред.

– Во текот на многу, многу години сме давале идеи и предлози за тоа како сметаме дека земјите треба да одат напред, но на крајот на нив е да го сторат тоа. Нашата порака останува иста, постојана, дека Атина и Скопје треба да најдат решение што е можно поскоро. Неопходен е активен ангажман. Обединетите нации ги нудат добрите услуги на амбасадорот Нимиц.

– Тоа е процес во тек, да се разреши ова прашање, што ќе и дозволи на Македонија веднаш да добие покана за членство во НАТО, изјави Рикер, кој беше прашан за наводите во грчкиот печат дека САД вршат притисок врз Грција за брзо разрешување на спорот.

На прашањето за влијанието на растечкиот грчки национализам и грчката економска криза врз преговорите за името, Рикер оцени дека решение за спорот за името е можно, со добра волја и посветеност на двете страни и тоа без да се навлегува во прашањата на идентитетот.

– Двете земји можат да седнат и да го разрешат ова. Ако погледнете со кои прашања се соочени светот и регионот, како и економските предизвици со кои сме соочени, тие можат да бидат надминати, и се надминуваат, со посветеност, со фокусираност на изнаоѓање на решенија.

– Компромисот не е лош збор. Тој не мора да содржи езотерични концепти на идентитет, и нашата позиција останува иста. Јас лично сум зборувал и низ годините, сме изнесувале разни опции и можност и сме нуделе помош и поддршка на двете страни. Останува да има дијалог, да се најде решение, изјави Рикер, додавајќи дека одлуката не може да се постигне со американски или друг надворешен притисок.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто