Ховит во Скопје

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит денеска и утре е вп посета на Република Македонија.

Ховит ќе разговара со претставници на владата, на политички партии и на граѓанскиот сектор.

Ховит денеска во Скопје ќе има средба со министерот за локална самоуправа Невзат Бејта. На средбата, како што е соопштено, ќе се разговара за напредокот на Македонија во спроведувањето на процесот на децентрализација, како еден од клучните критериуми за членство во Европската унија. На средбата на која е најавено присуство и на специјалниот пратеник на УНДП Диадре Бојд ќе биде претставен и Акцискиот план за спроведување на Програмата за децентрализација до крајот на 2014 година.

Британскиот европарламентарец пристигнува во Македонија неколку дена по посетата на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле и третата рунда од пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската комисија и македонската влада, а неполн месец до објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на државата.

Европскиот парламент во март годинава усвои резолуција подготвена од Ричард Ховит во која уште еднаш европратениците побараа од советот на ЕУ во најкраток рок да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Македонија. Во документот исто така, се поздравува пристапниот дијалог на високо ниво како чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата.

 

 

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија