Риајсетот ја потврди довербата на Реисул-Улема на ИВЗ во РМ

Од:

Ријасетот на ИВЗ во Република Македонија на денешната редовна седница дискутираше за подготовките за месецот Рамазан, за организирање на Хаџот, за Правилникот на Унијата на Имамите во Швајцарија и за актуелната состојба која е создадена во последните денови во ИВЗ во РМ.

На седницата, соопшти денеска ИВЗ, Риајсетот ја потврди довербата на Реисул-Улема на ИВЗ, со што уште еднаш се потврди и тоа дека неговиот легитимитет за управување со ИВЗ никогаш не бил контестиран. Потврдена е и довербата на сите функционери на органите, образовните институции и здруженијата кои се во склоп на ИВЗ во РМ.

– Реисул-Улема х. Сулејман еф. Реџепи врз основа на член 43 од Уставот на ИВЗ во РМ, склучено со денешен ден, му ја повлекува Мураселето на Скопскиот Муфтија Ибрахим еф. Шабани кој се трансферира како професор во Иса Бег Медреса. Оваа одлука беше подржана од страна на Ријасетот на ИВЗ во РМ, стои во соопштението и се додава дека Скопското Муфтиство во рок од 30 дена, почнувајќи од денеска, се обврзува да предложи нови можни кандидати за нов Муфтија за Скопското Муфтиство.

На седницата Африм Таири се разрешува од функција генерален Секретар на ИВЗ во РМ, и се поставува на неговата поранешна функција, секретар на Здружение ИЛМИЈЕ.

– Врз основа на член 43 Секретарот на Скопското Муфтиство Скендер Бузаку се разрешува од функција Секретар на Скопско Муфтиство и ситиот се трансферира како воспитувач при Иса Бегова Медреса, соопшти денеска ИВЗ во РМ.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска