Резултатите на двајцата лекари вратени од Мадрид се негативни на коронавирус

Од:

Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на коронавирус.

Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација (СЗО) ги известила здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.

„По тестирање на инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена“, велат од Министерството.

Во меѓувреме, на Инфективната клиника за коронавирус биле тестирани уште две лица, еден кинески и еден македонски државјанин.

Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.

Македонскиот државјанин е наш студент во Италија.

И тестовите на овие две лица се негативни на корона вирус, информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

А1он

Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, реагираат од Стоматолошката комора откако Алиу им го презеде лиценцирањето

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски