Револтирани жители на Сопиште го блокираа патот за Соње

Од:

Недостигот на вода за пиење ги натера жителите од скопско Сопиште да постават блокади на регионалниот пат Скопје – село Соње. Револтирани и загрижени се од опасноста без доволно питка вода да им се влоши здравјето, јавува телевизијата Телма.

Велат дека кога најмногу им е потребна водата – во утринските и вечерните часови – ја снемува, за потоа да ја има преку ден, но не во доволна количина. Повеќе од илјада жители од неколку улици во село Сопиште се принудени водата да ја складираат во резервоари и шишиња.

Убедени се дека причините за слабниот притисок и недостигот се градежниот бум и злоупотребата на капацитетот на водоводната мрежа. Се обратиле до јавното претпријатие „Водовод“ и општината, но одговор не добиле.

Од општина Сопиште велат дека четири месеци работат на лоцирање на проблемот со водата.

Жителите на Сопиште најавија блокади секој ден во траење од два часа се додека не се реши проблемот со водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота