Револтирани жители на Сопиште го блокираа патот за Соње

Од:

Недостигот на вода за пиење ги натера жителите од скопско Сопиште да постават блокади на регионалниот пат Скопје – село Соње. Револтирани и загрижени се од опасноста без доволно питка вода да им се влоши здравјето, јавува телевизијата Телма.

Велат дека кога најмногу им е потребна водата – во утринските и вечерните часови – ја снемува, за потоа да ја има преку ден, но не во доволна количина. Повеќе од илјада жители од неколку улици во село Сопиште се принудени водата да ја складираат во резервоари и шишиња.

Убедени се дека причините за слабниот притисок и недостигот се градежниот бум и злоупотребата на капацитетот на водоводната мрежа. Се обратиле до јавното претпријатие „Водовод“ и општината, но одговор не добиле.

Од општина Сопиште велат дека четири месеци работат на лоцирање на проблемот со водата.

Жителите на Сопиште најавија блокади секој ден во траење од два часа се додека не се реши проблемот со водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната