Револтирани граѓани: ВМРО-ДПМНЕ со предизборните закани, уцени и евидентирање

Од:

Жители на Чаир и Бутел, се јавија во редакцијата на А1он. Тие велат дека емисари од ВМРО-ДПМНЕ, викендов оделе од врата на врата за да го потврдат наводното членство во партијата. Велат, наводното, бидејќи, тие не биле никогаш членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бевме шокирани, бидејќи, тие на врата се појавуваат со некакви списоци и информации дека сме нивни партиски членови. Што сакаат, да не плашат? Или присилно да не зачленат“, прашуваат револтираните граѓани.

Во А1он се јавија и административци, кои велат дека нивните претпоставени, по партиска задача, прават списоци на сигурните гласачи, но и на оние кои треба да се „обработуваат“ со уцени за работните места.

На членови на ВМРО-ДПМНЕ им се делат анкетни листови да пополнатдали 8 други членови се уште даваат поддршка на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ има посети по домови на незадоволни членови на кои им се ветува дека ќе бидат вработени, ако досега не го исполниле ветувањето од минатите избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски