Револтиран родител: Дали двојката на матурски е поради учеството во средношколскиот протест?

Од:

Група родители на ученици од средно училиште во Скопје, се обратија до редакцијата на А1он за да го изразат својот револт поради, како што велат манипулациите кои се прават со нивните деца во врска со испитите од државна матура.

Незадоволни од оценувањето, поднеле приговори, уредно за тоа си платиле 1.000 денари, и се надевале дека тестовите и приговорите ќе бидат разгледани, а неправдата исправена.

Но биле непријатно изненадени кога приговорите биле одбиени без образложение, од она што се случило во Државниот испитен центар. Два дена по известувањето за одбивање на приговорот во Центарот се вршел увид.

Во просториите за увид биле пуштени само учениците, а родителите останале пред врата.

„Моето дете веднаш виде дека му беше приложен тест од друго дете. Кога кажал дека не се работи за негов тест, дрско му одговориле, дека тој многу знае што пишувал и дека не знае кој бил негов тест. Моето дете знае точно што напишало, дека тоа не се негови одговори и дека бројката на тестот не се совпаѓа со неговата. На брзина му рекле дека неговото 10 минутно време истекло, дека работата е завршена, жалбата е одбиена и веднаш да излезе надвор. Човек од обезбедувањето почнал и да го влече и турка надвор моето дете“, раскажува за А1он вознемирен и револтиран родител.

И не се работи за едно туку за неколку ученици од еден клас, но и за ученици и од други средни училишта.

„Нашите деца одлично говорат англиски и не е можно да бидаат оценети само со двојка. Од почеток на школување имаат оценка пет и ги имаат завршени сите курсеви по англиски јазик.Или тестовите не се прегледани или некој намерно го прави ова. Ова што се случуваше со приговорите е лакрдија, и државата само си ќари по 1.000 денари за секој приговор. Ниту тестовите се солидно прегладани, ниту пак постапката по приговорите е валидна. Ова излезе како онаа народната-Кадија те суди, кадија те тужи. Иако не сум параноичен, се сомневам дека ова намерно се прави бидејќи моето дете учествуваше на средношколскиот протест против екстерното“, вели родител за А1он.

Родителите и од други училишта, сега не знаат дали по ова, како што велат, несовесно и крајно неодговорно однесување имаат можност да ја докажат вистината, и нивните деца да ги добијат реално заслужените оценки.

Би можело да ве интересира

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

За да нема препишување и споделување одговори, државна матура ќе се полага во спортски сали и холови

Катерина Ѓуровски

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска