Ревијално возење на мотоциклисти во Струга

Од:

Ревијално возење моторцикли ќе се одржи денеска низ струшките сообраќајници. Ова е дел од воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ чија цел е да се испрати апел за поголема безбедност на моторциклистите поради нивната се’ поголема присутност во сообраќајот.

– Денешното возење моторцикли треба да ја покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Струга за безбедно и внимателно управување моторцикл, за почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за задолжително користење на заштитните шлемови, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ревијалното возење низ сообраќајниците на Охрид, ќе се реализира со присуство на мотопатролите на струшката полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

Акцијата „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ е заеднички проект на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски