Рестрикции на вода во Тетово

Од:

Рестрикции на снабдувањето со вода на Тетово најави Јавното комунално претпријатие Тетово. Според Борче Бојоски од ЈКП „Тетово“ рестрикцијата е поради намалена издашност на планинските извори како последица на долготрајното топло време без врнежи од дожд, но и нерационалното користење на водата од страна на жителите на градот.

Рестрикциите вкупно ќе траат пет часа. Вода нема еднаш од 17:30 часот до 19:30 часот во текот на денот, а потоа без вода жителите се од 1:30 часот до 4:30 часот по полноќ.

Тетовци според проценките трошат и над 350 литри вода во секунда за нормално снабдување што не беше проблем додека од планинските извори имаше доток и до 500 литри во секунда на почетокот од летото.

– Моменталната издашност на планинските извори е 230 литри во секунда и таа количина се надополнува од вклучените подземни бунари на подрачјето на градот. Тука може да се смета на 40 до 50 литри како дополнителна количина на вода за пиење меѓутоа и таа количина не е доволна, изјави Бојоски.

За разлика од минатите години кога повисоките населби и висококатници без хидрофор добиваат вода само по неколку часа сега има технички можности за контролирање на протокот низ водоводната мрежа и пренасочување и распределба на водата порамномерно во однос на порано.

– Сега сме во можност да воведеме една редукција во водоводната мрежа така што се намалува протокот на количини во долниот дел од градот за сметка на што се насочува водата во повисоките делови од градот. Тоа се должи на реализираниот проект минатата година подржан од КФВ банката. Сега тие системи односно таа хидромеханичка опрема е во функција и во многу придонесува водата да може да се избалансира донекаде подеднакво на сите делови од градот, рече Бојоски.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи при увидот на изградбата од втората фаза на водоводниот систем „Зафат на водите на Студена река и река Пена“ во текот на јули најавија завршување на целиот систем и изградба на пречистителна станица до крајот на годинава. На овој начин градот ќе добие дополнителни 200 литри вода во секунда и со тоа рестрикциите во водоснабдувањето веќе ќе бидат минато.

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени