Респираторна слабост причина за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија

Од:

Колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В. И. од Арачиново, кое почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје на 1 октомври. Ова произлегува од медицинската документација со која располага Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, информираше дека до Министерството за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија, која треба да утврди дали при лекувањето имало евентуални пропусти. По наредба на министерот, бил извршен и вонреден инспекциски надзор на Клиниката.

Според документацијата, родилката била хоспитализирана на 27 септември како итен случај, а породувањето со царски рез било извршено на 28 септември. Новороденчето, родено во 36. гестациска недела, по неколку часа било префрлено на интензивна нега поради респираторен дистрес. Кај детето бил утврден пнеумоторакс, по што било интубирано, ставено на апарат за вештачко дишење и започната била антибиотска терапија.

На 1 октомври состојбата нагло се влошила, бил констатиран масивен пнеумоторакс и едем на мозокот, по што, и покрај реанимацијата, детето починало во вечерните часови.

Како официјални причини за смртта се наведуваат масивен пнеумоторакс, белодробен емфизем, мозочен едем и кардиореспираторна инсуфициенција. Побарана е обдукција, но извештајот сè уште не е готов.

Родителите најавија тужба против Клиниката, а случајот го истражува и Јавното обвинителство. Стручната комисија треба да утврди дали постапувањето било согласно медицинските стандарди.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски

Бебе старо само осум дена било донесено во болницата во Прилеп без знаци на живот