Решен проблемот со водоснабдувањето во Берово

Од:

Со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој Јавното претпријатие за комунални работи  „Услуга“ успешно го реализира проектот „Урбан водоснабдителен и санитарен систем“.

Дел од овој проект е и Фабриката за вода, изградена по европски стандарди, од која Берово и неколку населени места во општината се снабдуваат со вода.

– Со изградбата на Фабриката за вода и пречистителната станица, покрај снабдувањето со вода од највисок квалитет, паралелно го решивме и проблемот со заштитата на биодиверзитетот на реката Брегалница, изјави Љупчо Дракалски, директор на ЈПКР „Услуга“.

Градоначалникот на Берово Драги Наџински, изјави дека со изградбата на овој „Урбан водоснабдителен и санитарен систем“, општината Берово во целост ги имплементира законските обврски за зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, а со тоа се овозможува уште подинамичен развој на туризмот, како значајна стопанска гранка за економијата во Берово и поширокиот регион на Малешевијата.

Би можело да ве интересира

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Најмногу дожд наврна во Берово

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Кривична за беровец – приложи фалц сертификат за англиски јазик за да стане директор на училиште

А1он

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег