Реакција на Република по прес-конференцијата на Шилегов

Од:

„Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје преку соопштение до медиумите ги демантира информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој рече дека на неделникот „Република“ за три години му биле исплатени речиси 900.000 евра од државата.

-„Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи, кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. „Прва Република“ д.о.о.е.л. бара од СДСМ, но и од сите медиуми што ја пренесоа изјавата да го објават демантот во целост и да се извинат за изнесените лаги, стои ов рекацијата од Република.

За изнесените невистини од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, се додава во реакцијата, „Прва Република“ ќе поднесе соодветна пријава пред надлежните органи. Во исто време, против Шилегов и медиумите што ја пренесоа информацијата ќе биде поднесена соодветна пријава и за противзаконско објавување лични податоци.

Би можело да ве интересира

На порталот „Република“ по грешка објавена инструкција како да се напише текст против Заев

Ландов

Дали може помизерно: Крт од МРТ ја дал неизмонтираната снимка од Катица Јанева на портал

А1он

СДСМ: Нема одговор од „Република“ како се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра

Емир Латифовиќ