Репортери без граници вџашени од апсењето на новинарот Кежаровски

Од:

Организацијата Репортери без граници реагира на апсењето на новинарот Томислав Кежаровски, бара објаснување од Владата и негово итно ослободување.

„Апелираме за итно и безусловно пуштање на Кежаровски, бидејќи тој е затворен врз основа на невистинита причина. Неговото апсење и обвинение имаат други цели кои властите треба веднаш да ги објаснат“, вели организацијата.

„Искуството покажа дека новинарите во Македонија често се апсени со цел да се натераат да ги дадат своите извори на информации и да бидат испитувани за други теми. Ја потсетуваме Владата на Република Македонија и судските власти дека членот 16 од Уставот ја гарантира заштитата на изворите.

„Ние сме загрижени поради постојаната деградација на слободата на информирање во Македонија. Земјата е на 116 место од 179 земји во нашиот светски список на слободата на медиумите. Ако македонската Влада сака навистина да влезе во ЕУ, конкретни и значајни акти ќе треба да бидат направени за да дојде до почитување на истражувачкото новинарство“, вели РБГ во своето соопштение.

Репортери без граници додаваат: Ја повикуваме Делегацијата во ЕУ во Скопје да ја сензибилизира македонската влада околу овие барања и да бара, и тоа јавно, Кежаровски да биде веднаш ослободен“.

Би можело да ве интересира

Објавено видео: Ликвидиран командантот на специјалните сили на Хезболах

A1on

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов