Репортери без граници: Македонија 109-та според слободата на медиумите

Од:

Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та.

Во извештајот се наведува дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.

– За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат, се вели во Извештајот .

Репортери без граници оценува дека Јавниот радио-телевизиски сервис „се уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но се уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни, стои во Извештајот.

Од земјите во во регионот, најслободни медиуми има во Словенија која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103-та, а Бугарија е на 111. место.

Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна рекорд, регистрирани се 34 напади за два месеци

А1он

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност