Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна рекорд, регистрирани се 34 напади за два месеци

Од:

Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд – 34 напади врз медиумски професионалци се регистрирани за помалку од два месеци додека известуваат за протести против корупција, соопштија Репортери без граници“.

Тие ја повикаа ЕУ да реагира.

Членовите на ЕУ и Европскиот парламент беа повикани да испратат јасна порака до српските власти дека нивниот пасивен став и потенцијалното соучесништво во тие настани се некомпатибилни со целта за приклучување кон ЕУ.

Од 34 инциденти, 14 биле извршени од насилни поддржувачи на Српската напредна странка, а 20 напади биле извршени од страна на службеници за спроведување на законот, соопштија РБГ.

Се додава дека бројот на напади во изминатите два месеци ги надминува сите годишни вкупни бројки за насилство врз медиумски професионалци во Србија од 2020 година.

Вкупно 65 случаи се регистрирани оваа година.

Во просек, еден српски медиумски работник е физички нападнат на секои два дена, што е недозволиво, наведуваат од Репортери без граници.

Од Европскиот парламент и влијателните земји како Германија и Франција е побарано силно да го осудат рекордниот број напади врз српски новинари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Директорот на српската полиција вели: Некој сака јавноста да не види што е пронајдено во Ректоратот

(ВИДЕО) Протест во Белград: Блокадерите повикуваат на линч на полицајци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимката покажуваат колку граѓани дојдоа да ги поддржат студентите и Универзитетот во Белград

(ВИДЕО) Белград: Протест пред Ректоратот поради упадот на УКП, повеќе инциденти и конфликти меѓу полицијата и граѓаните

Горан Наумовски

Репортери без граници: Израел уби најмногу новинари во светот

Протест „Индексот е посилен од пендрекот“ во Белград, се бара гонење полицајци кои ги пречекорија овластувањата

А1он