Реновиран објектот на армиските Ренџери

Од:

Објектот на армиските Ренџери во касарната „Илинден“ после 50 години целосно е реконструиран. За неговото реновирање кое опфаќа 4.000 квадратни метри, а ќе го користат наште елитни единици, потрошени се 44 милиони денари.

– Овој објект и во минатото и од денес ќе го користат армиските ренџери, една од нашите елитни единици и покажуваме дека и со инвестиции во физичката инфраструктура сакаме да ја направиме Армијата посакуван работодавач, порача денеска министерката Радмила Шекеринска по увидот на објектот.

Овој објект е еден од трите коишто до овој момент се реновираа во најголмата касарна во државава.

-Јас очекувам дека во следните десет дена ќе го ставиме во употреба и вториот објект во којшто ќе бидат сместени гардата и логистичката единица, а реконструкцијата трае и во третиот објект во „Илинден“, истакна Шекеринска.

Таа информираше дека продолжуваат со реконструкција во речиси сите касарни низ државата. Потсети дека пред да се започне со објектите во касарната „Илинден“ завршен е новиот реконструиран објект во Куманово.

-Следни како цел ќе ни бидат касарните во Штип, Велес, одредени реконструкции во Кичево и во Тетово, со цел буквално со парите на македонските граѓани да обезбедуваме подобри услови за нашата армија, нагласи Шекеринска и додаде дека на овој начин ќе покажеме дека членството во НАТО не е само шанса и безбедност плус за државата, не е само одговорност, туку е голем плус во работењето и условите за живот и работа на сите припадници.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација