Ременски: Случаите на семејно насилство добиваат несоодветен третман од институциите

Од:

Фросина Ременски смета дека несоодветното третирање на случаите на семејно насилство од страна на надлежните институции, резултираат погубно во многу случаи. Случајот со полицаецот од СВР Куманово кој го загуби животот дополнително ги отвара овие прашања. 

– Убиството на полицискиот службеник од СВР Куманово, при интервенција по пријава за семејно насилство ги отвара прашањата за тоа до кај сме и какви треба да бидеме, но за жал по изгубени човечки животи ! Ниту Центрите за социјални работи, ниту МВР соодветно ги третираше пријавите за семејно насилство кои завршуваа и со загубени човечки животи. Додека Центрите за социјални работи мислеа дека семејното насилство (од различни причини) е прашање и за полицијата, а не само за нив, полицијата сметаше дека семејното насилство не е примарна полициска работа. Кога ќе има жртви, тогаш се отвараат дилемите: кој требало да превенира, да пријави, да згрижи, да санкционира, да интервенира … Работите мора да се менуваат на подобро, вака не оди. Штетата е ненадоместлива, пишува Ременски на својот Фејбук профил. 

Би можело да ве интересира

ДКСК: Продолжуваме да постапуваме по сите предмети со еднаков пристап без разлика кој е подносител

А1он

Ременски: Сметам дека постапката против мене треба да биде запрена

Кристијан Ландов

Ременски третпат во Обвинителство, овојпат на распит кај Русковска

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски по увидот кај Русковска: Видов сѐ освен докази

Кристијан Ландов

Пратеничката Ременски по викендот, повторно кај Русковска

Кристијан Ландов

Претседателката на Апелација: Полицаец отворил да излезе Ременски од друга врата без моја дозвола

Кристијан Ландов