Ременски: Секој којшто учествувал во криминал ќе мора да одговара пред лицето на правдата

Од:

„Голем интерес кај струмичани и покрај врнежливото време предизвика посетата на потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски која беше придружувана од членовите на Централниот одбор на СДСМ, Спасе Глигоров и Сања Лукаревска“, соопштуваат од СДСМ.

Груевски и бандата околу него од Македонија направија приватна компанија. Уништија многу човечки животи, многу семејства. Бизнис секторот го клекнаа на колена. Младите ни ги иселија во странство. Македонија се дави во корупција и криминал. Милионите кои ги украдоа ќе ги вратиме назад кон граѓаните. Секој што учествувал во криминал ќе биде изведен пред лицето на правдата и ќе одговара. Создаваме еднакво општество за сите, што ќе обезбеди одговорна власт, отчетна пред граѓаните, рече Ременски.

„Ни го укинаа социјалното за да можат пред избори пак да не уценуваат да гласаме. Но овој пат нема да им дозволиме да не влечат за уши на гласање, коментираа граѓаните од ромското маало во Струмица.

Потрошија стотици милиони евра на споменици, а ние со 2.000-3.000 денари треба да го преживееме месецот. Па кој го има ова, се пожали еден од граѓаните“, пишува во соопштението на СДСМ.

Frosina3

Само во првите 22 дена од месец Јануари, Фондот за ПИОМ има дефицит од 662 милиони денари. Ова е резултатот на расипничкото и криминално владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Ременски.

Живеењето нормален и достоинствен живот не е привилегија само на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е загарантирано право на секој граѓанин . Македонија има слаб и сиромашен систем на социјална заштита. Ние тоа го менуваме, додаде Ременски.

„СДСМ ќе ја зголеми социјалната помош. Ги ослободуваме од јавни давачки еднородителските семејства со потпросечни примања. На лицата постари од 65 години на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за право на пензија, им се овозможува да извршат докуп на стажот. Тие кои нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на друга парична помош од државата, примаат државна социјална пензија. Ова се само некои од мерките со кои ќе го подобриме животниот стандард на граѓаните. Новата влада на СДСМ воведува систем што подава рака“, рече Ременски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски