(ВИДЕО) Ременски: Новиот претседател прво што ќе направи е да ги потпише блокираните закони

Од:

„По цели 10 години Северна Македонија доби вистински претседател избран на фер избори. Уверени сме дека Стево Пендаровски ќе ја води државата напред кон интеграциите за ЕУ и НАТО кон сигурна и стабилна иднина. Прво што ќе го направи е ќе ги потпише блокираните закони од Ѓорге Иванов, коишто се од исклучителна важност за граѓаните“, изјави Фросина Ременски, пратеник на СДСМ.

Таа порача дека Пендаровски треба да биде коректив на власта, да укажува на грешките и со тоа да биде пример за достоинствен претседател на земјава и да ја претставува на најдобро светло во светот.

„Дојдоа демократските промени, режимот е целосно поразен. Заврши едно негативно поглавје од нашата историја. Нема повеќе да има претседател на разединување, молк, поделби на граѓаните, урнисување на демократскиот и правниот систем”, додаде таа.

Не сакаше да го коментира отуството на премиерот Зоран Заев на инаугурацијата, а за непоканувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски рече дека не е предвидено со протоколот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ