Ременски: Иванов свесно го крши Уставот

Од:

Доколку претседателот на државата Ѓорге Иванов одлучи да не го потпише и по вторпат законот за ратификација на Договорот за спорот со името, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој нема право, истакна денеска потпретседателката на Собранието и пратеник од СДСМ Фросина Ташевска Ременски.

Иванов е должен да го питпише Указот по повторното гласање на Законот согласно член 75 од Уставот.

– Поради сето ова, ваквото однесување на претседателот може да биде предмет на правни лекови во Собранието, тука мислам на импичментот, но и Уставниот суд и други надлежни институции имаат право, но и обврска да поведат постапки, рече Ременски.

Што се однесува до прекршувањето на членот 308 од Кривичниот законик, Ременски вели дека прашањето може да го постави и „дали претседателот, ставајќи се во интерес на други центри на моќ, не станува кочничар на евроатлантската иднина на земјата и нели може овој член да се однесува и на Претседателот на Републиката“.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и официјално соопшти дека нема да го потпише Указот за прогласување на Договорот за спорот со името со Грција, а причините ги достави до Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?