ВИДЕО: Ременски и Александрова ќе го водат телото за помирување

Од:

Се формира телото за помирување во Собранието. Определен е форматот на телото, во него ќе учествуваат координаторите на пратеничките групи, потпретседатели на Собрание, пратеници без пратеничка група. Колкава бројка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе учествуваат во телото ќе се одреди на наредниот состанок.

ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на денешната координација, но тоа не беше пречка за да се формира телото. За методологијата на работа ќе се одреди на првата седница.

Фросина Ташевска Ременски од СДСМ и Емилија Александрова од новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ќе претседаваат со телото.

„Подобро е да не раководам јас зошто може да има мешање на надлежности. Не е соодверно јас да го водам”, додаде Џафери.

На координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, на дневен ред единствена точка беше формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на координацијата.

Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпартиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.

Членот на Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, го напушти состанокот што се одржува кај претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вели дека не се јасни целите на средбата и телото околу тоа кој со кого да се помири. „Се добива впечаток дека е за дневно- политички поени и на мала врата да се протурка амнестија за 27 април”, смета тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште

Во Собранието пратенички прашања – први на новиот парламентарен состав

Катерина Ѓуровски

Катерина Димитровска e новата пратеничка во Собранието