Ременски: Добро е што опозицијата ги поддржа реформските закони

Од:

Добро е што опозицијата се врати во Собранието и ги поддржа реформските закони со двотретинско мнозинство. Македонија тргна напред. Само со инклузивност, конструктивност и искрен пристап на сите политички субјекти можеме да напредуваме како Македонија, современа европска држава и општество достојно за живот на сите граѓани.

Ова денеска го изјави потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, која рече дека вчера во Собранието заедно со опозицијата со двотретинско мнозинство ги донеле законите за заштитени сведоци, за оперативно техничка агенција и за следење на комуникациите, кои се во пакетот реформски закони предложени од Владата. Посочи дека ваквите законски решенија се неопходни за унапредување на демократските процеси во Македонија, а се важни и за евроатлантскиот пат на земјата.

– Веруваме и убедени сме дека новите законски решенија ќе обезбедат сигурност за граѓаните без никаква можност за злоупотреба и загрозување на нивната приватност. СДСМ покажа дека е одговорна владејачка партија која работи исклучиво во интерес на граѓаните и за доброто на Република Македонија, истакна Ташевска Ременски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекуваат пакетот закони во делот на судството заради техничко усогласување идната недела да се донесат во истата форма и формат како што беа донесени законите вчера.

– Останати закони кои исто така можеме да ги вброиме во реформски закони во делот на правосудството се законите за јавното обвинителство и за кривичната постапка што значат усогласување со законот за внатрешни работи и законот за полиција каде неодамна воведовме надворешен механизам за контрола на работата на полицијата особено во делот на сторените кривични дела од службени лица во МВР и од Агенцијата за разузнавање и можностите кои ги има народниот правобранител. За тоа немаме разногласија меѓу политичките партии, рече Ташевска-Ременски.

Таа одговарајќи на новинарско прашање посочи дека се преговара во шест работни групи, најголем дел од нив си ја завршиле својата работа и сите усогласувања биле преточени во амандмани кои се усвоиле во второто читање при матичните работни тела.

– Во најголем дел е исполнета агендата на овие шест работни групи. Во 98 проценти имаме усогласување по однос на сите прашања. Динамиката на измени и дополнувања на закони ќе ја диктираме во следниот период. За нас беше многу важно во пресрет на позитивниот извештај на Европската унија да го заокружиме пакетот закони кои влегуваа во планот 3-6-9, додаде Ташевска Ременски.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Продолжуваме да постапуваме по сите предмети со еднаков пристап без разлика кој е подносител

А1он

Ременски: Сметам дека постапката против мене треба да биде запрена

Кристијан Ландов

Ременски третпат во Обвинителство, овојпат на распит кај Русковска

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски по увидот кај Русковска: Видов сѐ освен докази

Кристијан Ландов

Пратеничката Ременски по викендот, повторно кај Русковска

Кристијан Ландов

Претседателката на Апелација: Полицаец отворил да излезе Ременски од друга врата без моја дозвола

Кристијан Ландов