Ременски бара изземање на Русковска од судењето за „Меѓународен сојуз“: Таа е селективна и ќе ја попречува правдата

Од:

Поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски- Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од случајот, бидејќи, како што рече, постојат цврсти докази дека „во сите фази на предистрагата и истрагата има селективност во постапувањето преку кршењето на правата на одбраната, но и во делот на попречување на правдата“.

Како една од причините за изземање, Ременски наведе дека Русковска вршела незаконски претрес во нејзиниот дом.

„За ова постојат повеќе од 16 докази приложени во барањето за изземање до државниот јавен обвинител, за што е прифатена и тужба до Судот за човекови права во Стразбур. Очекувам државниот јавен обвинител да ги разгледа совесно и професионално да одлучи за нејзино изземање како застапник на обвинението, во контекст на мене и на сите во случајот, затоа што се сомневаме дека сериозно е загрозена независноста и објективноста на постапката“, рече Ременски.

Инаку, таа како почесен претседател на „Меѓународниот сојуз“ е обвинета заедно со Бојан Јовановски како претседател, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ како потпретседател, таткото на Јовановски, Миле Јовановски, и неговата асистентка Христина Блажеска. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Судењето почнува денеска, а Ременски тврди дека нејзиното име во обвинението се спомнувало само двапати, и тоа единствено затоа што сакала да даде поддршка на еден добар проект кој требало да го реализираат трети лица.

„Тоа е сериозен преседан кој можеби сега не може да се види, но во блиска иднина може да предизвика сериозни турбуленции и во рамките на обвинителското постапување за секој носител на јавна функција кој што во некаква ситуација ќе поддржи нешто што можеби нема да биде реализирано од трети лица кои си презеле обврски да го реализираат“, рече Ременски.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки кои го судеа случајот „Рекет“, каде Бојан Јовановски беше осуден на девет години затвор, а ексшефицата на СЈО Катица Јанева доби казна од седум години затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески