Ректорот на УКИМ му се закани на „Окно“ со тужба заради сатиричен текст

Од:

Порталот „Окно“ добил закана за тужба ако не се извини за сатиричен текст за ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Велимир Стојковски.

До порталот е испратено писмо од адвокатската канцеларија Апостолски, која го застапува ректорот на УКИМ, во кое се бара повлекување и извинување на „дадени изјави кои содржат навреди и клевети“ против проф. д-р Стојковски.

oknoZakana

Проблематичната статија за која се бара извинување е всушност сатирична статија, пара-интервју од рубриката Пара вести.

На писмото одговори главниот и одговорен уредник на Окно, Никола Гелевски, кој вели дека на крај памет не им паѓа да се извинат за сатира.

intervjuVelimirOkno

„Од вашата адвокатска канцеларија, „Апостолски“, денес добивме заканувачко писмо кое се повикува на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. За објавениот текст на нашиот портал „Интервју со Велимир Стојковски“ барате извинување и јавно повлекување на текстот.

Во оваа пригода ве информираме дека станува збор за сатирична рубрика, Пара вести, и дека посоченото интервју е измислено, т.е. сатирично. Такви интервјуа и таков тип (пара)вести досега сме објавиле неколку стотици – и никој никогаш не барал повлекување или извинување бидејќи луѓето разбираат дека станува збор за хумор и сатира.

Ова е прв пат некој да ни се заканува со тужби за текст објавен во таа рубрика. Ви препорачуваме само бегло да ја прелистате рубриката Пара вести, за да сфатите дека речиси секој текст во таа рубрика е направен во стилот на сатиричното интервју со Стојковски.

Од тие причини, се разбира, не ни паѓа на памет какво било извинување и повлекување на текстот. Тоа е како да се извинувате за карикатура. Текстот е своевидна карикатура.

Нажален поради вашето неразбирање на сатиричен текст, поради неразбирање на јавната смисла на медиумите, а богами и поради загрижувачкото отсуство на смисла за хумор, ве поздравувам и ве молам да му го препратите мејлов на вашиот клиент, Велимир Стојковски“, вели Никола Гелевски во одговорот.

Би можело да ве интересира

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани