Рекорден број трудови и пленарни сесии на СКЕОР

Од:

Со рекорден број трудови и пленарни сесии, денес, започна 5-тата јубилејна Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), организирана од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

„СКЕОР е плод на досегашните искуства на сите организатори. Не радува фактот што сé повеќе се зголемува бројот на учесници, каде оваа година имаме 50 трудови и 11 пленарни предавања на професори или претставници на компании“, рече Наташа Јованова, претседател на Организациониот одбор на СКЕОР.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски потенцираше дека студентите го даваат првиот импулс во соочување со предизвиците на денешницата.

„Енергетска ефикасност, одржлив развој, зелена енергија, загадување – термини кои секојдневно ги слушаме во јавноста. За среќа, студентите го даваат првиот импулс и нудат конкретни решенија за подобрување и решавање на предизвиците со кои се соочуваме. Како Факултет веќе имплементираме дел од решенијата произлезени од досегашните студентски конференции, како што се енергетски сијалици, енергетски ефикасна фасада, уред за мерење на потрошувачка на електрична енергија и други иновации. Токму на оваа конференција студентите, заеднички со професорите и со компаниите кои активно се вклучија во реализација на СКЕОР, повторно ќе се обидат да понудат решенија на дел од проблемите“, рече деканот Ташковски.

Тој спомена дека Македонија треба да тежнее кон примерот на Словенија како успешна земја со која може да се компарира а која минатата година беше прогласена за Зелена Земја.

Закоординаторотна СКЕОР, професор д-р МаргаритаГиновска, идејата на ФЕИТ е да ги поттикне студентите да бидат креативни, иновативни и со истражувачки дух и идеи за решавање на проблемите со енергијата и одржливиот развој.

„ФЕИТ гопоттикнуваорганизацискиотдух и тимскатаработакајстудентите, како и интердисциплинарниот пристап во решавање на проблемите со енергијата и одржливиот развој. Не радува и соработката со компаниите што ги пренесуваат своите практични искуства од енергетската ефикасност. ФЕИТ е коорганизатор и главен покровител на СКЕОР“, рече Гиновска.

Целта на конференцијата, според организаторите, е да се подигне свеста за потребата од енергетска ефикасност и одржлив развој, особено кај студентите, да овозможи научно-истражувачка работа на глобално актуелни теми, да направи размена на искуства и знаења со експертите и да овозможи контакти на различни нивоа, меѓу компаниите, професорите и студентите.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен