Реконструкција на четири здравствени домови низ Македонија

Од:

Ќе се реконструираат четири здравствени домови во Пехчево, Валандово, Штип и во Ресен, со што би требало да се подобрат условите за лекување на болните, но и инфраструктурните услови за работа на лекарите и останатиот медицински кадар.

Договорено е и директорите на здравствените домови со сопствени средства да учествуваат во целата инвестиција за реконструкција на овие ЈЗУ.

Вкупната вредност на реконструктивните зафати на здравствените домови изнесува 20 милиони денари.

„Реконструкцијата на здравствени домови е една од покрупните реформи на кои ќе бидеме фокусирани во следните неколку месеци, што во голема мера ќе влијае на подобрување на условите за лекување на болните, а секако и за подобрување на инфраструктурните услови за работа на лекарите и останатиот медицински кадар”, рече министерот Никола Тодоров.

 

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!