Реконструиран објект во Психијатриската болница во Бардовци

Од:

Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посетија реконструираниот објект во Психијатриската болница во Бардовци во кој се сместени првото акутно одделение и одделението за психогеријатрија. Со ова успешно е заокружена првата фаза од проектот за реконструкција на две одделенија во таа јавна здравствена установа.

Премиерот Груевски истакна дека реконструкцијата на објектот чинела 1,1 милион евра. Реконструкцијата, која е темелна, најави Груевски, продолжува на уште два објекта и вкупно ќе чини 2,5 милиони евра.

– Во минатото имаше многу негативни коментари и извештаи за Македонија од меѓународните институции во врска со овој тип болници, дека тие не се во добра состојба и треба да се реконструираат. Имајќи го предвид тоа, но и реалната ситуација на теренот, ние преземавме мерки и инвестиравме средства со кои темелно ја реконструиравме оваа Психијатриска болница. Ова е дел од големиот проект за реконструкција и градба на болници во Република Македонија, рече премиерот Груевски.

Појасни дека ова е првата фаза во која се инвестирани или се во тек инвестиции во вкупна вредност од 25 милиони евра во инфраструктурата во здравството и оти со градбата на новиот Клинички центар, реконструкцијата на трите згради кои ќе останат во рамки на Центарот, како и изградба на нова болница во Штип, севкупните инвестиции ќе достигнат 120 милиони евра.

Премиерот Груевски истакна дека првичната проценка била дека во инфраструктурни проекти во здравството ќе се инвестираат 100 милиони евра, но оти таа сума се зголемила на 120 откако била донесена одлука наместо реконструкција да се гради нова болница во Штип, но и нов Клинички центар во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека во Психијатриската болница-Скопје во Бардовци се третираат лица со многу тешка патологија и оти приодот и начинот на функционирање е многу поразличен од начинот на кој се дава лекарски третман или нега во другите установи.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство