Реката Вардар во Велес со минимално ниво

Од:

Реката Вардар во Велес во текот на мај е со многу ниско ниво кое не се памети во последните години.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи, нивото на Вардар во Велес денеска изнесува 65 сантиметри колку што било и вчера. На 13 и 14 мај нивото било уште пониско, околу 60 сантиметри, а на 10 и 11 мај за некој сантиметар повисоко односно околу 70 сантиметри.

Според Атанас Угриноски од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје, ваквата состојба на минимално ниво на Вардар е последица на долготрајната суша.

– Споредено со овој период во изминати години, Вардар во Велес секогаш бил со ниво од 100 и повеќе сантиметри. Сегашната состојба на минимално ниво на вода во Вардар се должи на сушната зима и тоа што снегот годинава се стопи нешто порано уште во февруари, изјави Угриновски.

Би можело да ве интересира

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Скопјанец се удави во Вардар

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција