Реката Струмица се излеа во атарот на Босилово, поплави во долниот дел на Струмица

Од:

Поројниот дожд проследен со град со големина на зрно грав, што го зафати синоќа Струмичко предизвика поплави во долниот дел од Струмица.

Се излеаја водите од кориото на поројот Крушевска Република и ги поплавија подрумите и дворовите на станарите на улиците Браќа Минкови и Максим Горки.

– Од утрово нашите екипи на водовод и канализација се во овој дел од градот и ги преземаат сите мерки за нормализација. За жал, недовршеноста на одводниот канал и преобилните поројни врнежи и овојпат беа преголеми за инсталираната атмосферска канализација. Правиме се да ја санираме состојбата на теренот и да го вратиме животот во нормала во овој дел од градот, изјави Зоран Горгиев, директор на ЈПКД Комуналец-Струмица.

Поројните дождови и топењето на снегот од околните планини го преполни коритото на реката Струмица, која утринава го проби насипот во долниот дел од селото Босилово и се разлеа по нивите во правецот на селото Турново.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски