Реката Брегалница порибена со крап

Од:

Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.

Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров рече дека риболовците денеска порибувањето го извршија на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.

– Денеска е извршено порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче, рече Димитров.

Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.

Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара