„Нудиме концепт за враќање на републиката, Македонија е држава, но е и република, треба да има владеење на правото. Сега има непотизам во администрацијата, Собранието амнестира обвинети за кривични дела…Ни требаат реформи ако сакаме влез во ЕУ”, порача претседателскиот кандидат, Блерим Река.
Тој додаде дека ги собрал потребните 10 илјади потписи за влез во претседателската трка, а зад неговата кандидатура застанаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса.
Река ветува различна кампања, од другите кандидати, ветува модерна непопулистичка кампања,
„Јас ќе учам од граѓаните, претседателот е во служба на граѓаните”, рече Река.
Тој додаде дека концетот на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, претседателски се разликува, неговиот концепт ќе биде држава за сите, република,незаробена држава. Што се однесува за кампањата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова рече дека не се сложува со тоа што таа не го поддржува Преспанскиот договор.
Галена Николовска-Ризвановиќ