Река: Корупцијата и невработеноста мора да запрат

Од:

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.

Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.

-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.

-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние некогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

Пред жителите на Желино зборуваше и претседателот на БЕСА, Билал Касами. Рече дека ДУИ не треба да прават ваков консензус зашто „кога правиш нешто, прво зборуваш со браќата, а не со соседите“.

-Пендаровски знае дека нема да го има чистиот глас на Албанците. ДУИ во 2014 година не го поддржа зашто беше опозиција, а сега му дава поддршка зашто е дел од власта, истакна Касами.

На митингот се обрати и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу.

Би можело да ве интересира

Блерим Река повика да се излезе во недела на гласање

Татјана Ташкова

Река: Не може да се чека уште 20 годинини за Албанец да биде претседател на државата

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Села и Касами: Река е симболот за консензуален кандидат

Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура