Рејтинг: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ речиси изедначени

Од:

Според најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“ разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 1,4 процентни поени. Според испитувањето најмалку шест партии,односно коалиции ќе имаат мандати.

ВМРО-ДПМНЕ 29,9%, СДСМ 28,5%, ДУИ 6,8%, ВМРО за Македонија 3,3%, Беса 3,2%, ДПА 2,8%, Кoалиција Алијанса за Албанците 2,7%, Левица 1%, Либерална партија 0,9%, Коалиција за промени и правда 0,2%.

received_10210993228088399

Анкетата е теренска, и на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, или по 200 испитаници на секоја изборна единица. Според испитувањето, 55,2 проценти ја поддржуваат работата на СЈО, додека процентот на тие што не ја поддржуваат е 33,1%.

На прашањето кој прислушувал, 48,7% одговориле дека тоа го правеле домашни служби за потребите на власта, а 27,1 дека го правеле странски служби.

Невработеноста, ниските плати, коруцијата и криминал се најгорливи проблеми за граѓаните според истражувањето. Проблем според граѓаните е и иселувањето поради лошите услови во Македонија. Само два проценти од граѓаните сметаат дека спорот за името со Грција е најважниот проблем во земјава.

На прашањето која партија би го решила проблемот, би ги решил проблемите, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 33,9 %, за СДСМ 31,5% а за “ ВМРО за Македонија“4,3%.
Федерализацијата не е проблем за која граѓаните реагираат, наметната како главна тема на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата е направена во периодот од 24 ноември до 30 ноември за потребите на телевизијата 24 вести.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

A1on

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски