Регистрирани два земјотреса во подрачјето на Кичево

Од:

Земјотреси со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала со епицентри на 65 километри југозападно од Скопје, се регистрирани утринава во епицентралното подрачје Кичево.

– Првиот во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и вториот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево. Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мјанмар

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски