Регистрирани два пожари во скопско и еден во делчевско Звегор

Од:

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се три пожари, од кои два во скопско и еден во делчевско Звегор, кои по интервенции на бригадите за противпожарна заштита се изгаснати.

Како што денеска соопшти МВР, вчера во 14,45 часот било пријавено дека на влез во Скопје, после патарина „Петровец“ избувнал пожар во кој била опожарена сува трева. Во 15,35 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

На 23.09.2018 година во 14,20 часот било пријавено дека во скопското село Кучково, на место викано „Перија“ од манастирот „Свети Ѓорѓија“ во правец кон село Грачани, од засега непознати причини избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот во 15,30 часот бил целосно изгаснат.

Како што стои во соопштението од МВР, вчера во 12,30 часот било пријавено дека во Делчево, атар на село Звегор, избувнал пожар на површина од околу два до три хектари, при што изгорела сува трева и насад со сливи. Од страна на Територијалната противпожарна заштита Делчево во 14,25 часот пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он