Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Од:

Комисијата за заразни болести ќе се состане следната среда, на 7 февруари. На состанокот, како што изјави портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, ќе се  разгледа состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Во регионот владее магарешка кашлица, Во Србија, починаа четири деца, додека едно е на респиратор и во тешка состојба. Прогласена е епидемија на голема кашлица во Белград.  во моментов во Србија има 70 заболени деца.

Случаи на голема кашлица има и во Македонија. Од почетокот на годинава има регистрирано 7 случаи, а меѓу нив е и двомесечно бебе.

Според податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува и бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип. Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Министерството за здравство (МЗ) информира дека од месец ноември досега, над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип и повторува дека вакцинацијата е најдобра превентивна мерка.

Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени ризичните групи – стари лица – над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Катерина Ѓуровски

Починатиот од западно-нилска треска не патувал, заразен е во земјава

Катерина Ѓуровски

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски